ВИДЕО: Снимено апсењето на крадецот на Стопанска банка


Корисник на Твитер објави видео од вчерашното апсење на скопјанецот осомничен за грабежот на филијала на Стопанска Банка АД Скопје лоцирана на бул. “Ѓорче Петров“ во Скопје.

Скопјанецот кој вчера изврши разбојништво во филијала на Стопанска Банка АД Скопје лоцирана на бул. “Ѓорче Петров“ во Скопје доби кривична пријава.

– СВР Скопје поднесе кривична пријава до скопското јавно обвинителство против скопјанецот А.М.(43) поради постоење основи на сомнение за извршени три кривични дела „разбојништво“, “напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“ и “неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распркувачки материјали“, се вели во денешното соопштение од МВР.

Либертас

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1