Голем пожар вечерва го зафати пределот над скопското село Кондово. Според она што може да се види од скопската обиколница зафатена е поголема површина ниска шума. Огнот се приближувал и кон првите куќи па дел од жителите ги напуштиле домовите.
Огромната огнена стихија избегала од контрола поради силниот ветар и го зафати прсторот помеѓу скопско Кондово и влезот во скопје кај Ѓорче Петров. Но за среќа дождот помогна огнот да не ги зафати куќите..
Курир.мк