Стотици се уште под урнатините по првиот уништувачки земјотрес, кој вчера ја погоди земјата.
Кадри снимени со дрон се од денеска и ги покажуваат остатоци од разурнати згради по силниот земјотрес од 6,2 степени по Рихтер, кој ја погоди Италија. Снимен е град Пескара во регионот Абруцо, Централна Италија. Во централна Италија за едно деноноќие се региструирани околу 460 потреси, соопштува La Repubblica.
Досега повеќе 247 се препознаени како жртви на потресот. Повредени се над 400, а повеќе од 200 лица се уште не се пронајдени.
Над 2.500 лица пак останаа без дом. Многу луѓе нема каде да одат и затоа ја поминаа ноќта во автомобили и шатори.
Секундарните потреси продолжуваат. Дрон сними и спасувачката операција во опустошениота град Аматриче.
Спасувачките екипи бараа цела ноќ меѓу урнатините затрупани луѓе и настрадани во село Пескара дел Тронто.