ВИДЕО: Свинска коленица Филип 2 и предјадење Александар Македонски на бродот Ројал Македонија


Антички војници со борбени штитови ги пречекуваат гостите на влезот на галијата „Ројал Македонија“, која започна со работа пред неполна недела. Иако јадењата и салатите се од македонското секојдневие и се подготвуваат со истите состојки, сепак тие носат поинакви имиња, пренесува А1Он.мк.

brod5Предјадење „Александар Македонски – македонско плато“, салати „Олимпија“, „Ксантика“, „Херонеа“ и „Касиопеа“, македонската тава го носи името „Кутлеш“, телешкиот мускул може да го нарачате под името „Букефал“, а свинската коленица е наречена „Филип Втори“.

– Јадењата на менито се ставени со имиња кои се дел од нашата богата историја, која не е за занемарување, а воедно го привлекуваат и странските туристи – вели шефицата на „Ројал Македонија“ Радмила Васевска.

Како што откри Васевска, во средината на септември е закажана и првата свадба, а младоженецот кој сака да ги изнајми просторот, бил возбуден што неговото стапување во брак ќе биде токму тука.

На прашањето колку чини изнајмување на „Ројал Македонија“ за разни прослави, шефицата Васевска вели дека цените се уште не се утврдени, бидејќи тоа зависи од големината на бараниот простор и бројот на гостите.

А1Он.мк

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1