Американски и италијански научници почнаа долгорочна студија за да утврдат која е тајната на гратчето Ачароли, каде што никој не умира млад, а каде последните статистики покажуваат дека секој десетти жител има сто или повеќе години.
Истражувањето треба да го истражи начинот на живот во гратчето на западниот брег на Италија – од генетските анализи, преку исхраната до физичката активност.
Жителите на Ачароли се познати по најниската стапка на срцеви заболувања и на Алцхајмер во Европа, а она што е интересно е тоа што тие не се многу физички активни, не џогираат, нити многу пливаат, а покрај тоа, многу од најстарите жители се пушачи и имаат прекумерна тежина.
Засега се упатува дека тајната е во медитеранската исхрана, богата со риба, маслиново масло и рузмарин – билка што се повеќе го привлекува вниманието на научниците.
>