ВИДЕО: Татко ги убил двете ќерки, бидејќи не сакале да стапат во договорен брак


Приказната за убиството на двете сестри, Сара (17) и Амина (18) го доби и своето место во документарецот “The Price Of Honor” (во слободен превод “Цената на честа”), а сведочи за само едно во низата од злосторства кои што се прават во името на традицијата.

Нивниот татко, Јасер Саид, ги убил пред седум години на Нова година, кога им рекол дека ќе ги носи некаде надвор на вечера, но без воопшто да размисли, 11 пати отворил оган кон задното седиште од неговото такси возило, каде што седеле токму нив две.tatko2

Убиството во името на честа (анг. Honor killing) е термин кој што се однесува на праксата во која мажот ги убива членките од своето семејство во името на семејната чест поради сексуални односи надвор од бракот, вклучувајќи и силување или сомнежи на брачно неверство. Убиствата во името на честа се оправдуваат со традицијата според која жената е во сопственост на мажот, а нејзината чистота и кревкост се единствени важни доблести за “стоката”.

На жените никогаш не им се дава можност за објаснување или расчистување на можните недоразбирања бидејќи традицијата наложува дека постои само еден начин за враќање на машката чест – убивање на жената.

Обединетите нации проценуваат дека годишно околу 5 илјади жени се убиваат токму поради честа.

Сара во ноќта на убиството успеала да повика брза помош, а последниве зборови кои што се снимени во разговорот со службените лица биле – “О мој Боже, умирам”. После тоа се слушнале пукотници од пиштол, пишува Ројтерс.

Документарецот “Цената на честа” ќе ја пренесе приказната за животот на двете загинати девојки кои што израснале во Тексас, а кои се обидувале да побегнат од рацете на таткото Египќанин, кој однапред им договорил бракови, секако со мажи од муслиманска вероисповед. Рут Тротер вели дека се работело за убиство поради чест бидејќи 18-годишната Амина тајно се гледала со нејзиниот син Јозеф, и дека 17-годишната Сара исто така имала момче. И двете го сокривале тоа од нивниот татко и семејството, бидејќи знаеле дека “не смеат” да имаат никој освен мажот кој без нивна согласност однапред ќе им биде доделен.tatko1

– Амина отсекогаш знаеше дека таткото ќе ја убие, само било прашање на време кога и каде. Таа го принуди Јозеф да ѝ вети дека никогаш нема да преземе ништо ако таа умре, туку дека едноставно ќе продолжи да живее, раскажала Рут во интервјуто.

Јасер и двете ќерки ги тепал и на сила ги одвел во Египет за да им пронајде свршеници. Кога Амина имала само 15 години, тој ѝ избрал маж кој имал речиси 50, но таа едвај успеала да ја наговори нејзината мајка за да се врати дома.

Во САД сè уште нема споменувања за убиства поради чест, барем не официјално, па во тој случај тоа и не се признава, а кон тоа придонесува и фактот дека луѓето се уверени дека такво нешто едноставно не се случува во западните земји и дека се случува само во некои далечни и заостанати земји.

Поради сето тоа се уште нема ниту службена статистика за браковите со малолетнички на кои се тие принудени, а некои истражувања покажуваат дека најмалку 1.500 такви бракови во САД се случени во текот на изминатата година, а забележани се и најмалку помеѓу 23 и 27 убиства кои биле направени поради чест.

Друго истражување кое било спроведено од страна на Population Reference Bureau Estimates вели дека веќе најмалку 507 илјади девојки и жени биле принудени на договорен брак, а многу од нив биле подложени и на осакатување на вагината или кастрација, како би ги држеле “под контрола” и како би се ограничила нивната сексуалност пред брак.

– Ако го земете предвид фактот дека во САД има многу населби и делови кои што се населени од имигранти, а кои не ги напуштиле своите обичаи и традиција, ова не се воопшто необични податоци, изјавила Ами Логан, која во името на Обединетите Нации учествувала во креирањето на документарецот.

Амина и Сара како симбол за подлабоки проблеми

Европските земји се многу понапредни од оние во САД во поглед на образованието на полицијата и социјалните работници кои мора да ги препознаат случаите кај кои постои ризик од принудување на брак или убиство поради чест. Тие се тренирани и како да изреагираат пред да се случи најлошото.

Амина и Сара немале кому да му се обратат, бидејќи нивната најава дека нивниот татко ќе ги убие не била сериозно сфатена како очајнички повик за помош, туку како тинејџерско драматизирање.

Тие се нажалост само една мала приказна од илјадниците девојки и жени кои што секој ден минуваат низ вакви и слични семејни насилства, кои во најдобар случај завршуваат со малолетничка бременост или брак со договорен, главно значајно повозрасен партнер.

Kurir.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1