Исламска држава објави ново видео во кое ја прикажала својата верзија за крајот на светот и најави поход на Рим, пишува Индепендент.
Компјутерски обработената снимка ги прикажува тенковите на ИСИС кои напредуваат кон Колесумот во Рим, а се гледа и ватиканската базилика Св. Петар.
Тоа би било битка меѓу верници и неверниците и би завршила со победа на верниците.
Борците на ИСИС се појавуваат вооружени со минофрлачи и калашњикови, а тие снимки наводно настанале во Ирак.
Прикажан е и нивниот процес на обука, војници со самоубивачки појаси и борбени возила со кои располагаат.