ВИДЕО Тинејџер отишол на капење, вечерта починал – смртоносна амеба му го изела мозокот!


Малиот Хантер потиштен се вратил од капење во вторникот, истата вечер паднал во кома, а вчера починал.

Хантер Боутејн (14), момче од Александрија во американската сојузна држава Минесота, починал затоа што мозокот му го изела амеба со која се заразил додека се капел во езерото Миневаски.decaku-ameba-pojela-mozak-jezero-hanter-boutein-foto-profimedia-ps-fb-1436519753-697965

Детето заминало во популарното летувалиште на Миневаски во вторникот и се вратило потиштено. Вечерта паднало во кома, а синоќа починало, соопштило семејството.

Лекарите потврдиле дека смртта настапила поради инфекција на мозокот, која ја предизвикува амебата Naegleria fowleri, која живее во топлите и слатките води. Амебата обично влегува во телото преку носот додека луѓето се капат или нуркаат, а предизвикува главоболка, температура, потоа повраќање и конечно вкочанетост. Секундарните симптоми се збунетост, халуцинации, недостаток на внимание, нарушување на рамнотежата и напади.

Овие инфекции ретко се случуваат – во минатите 10 години во САД биле регистрирани само 35 случаи од зараза со таа амеба.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1