Видео: Тинејџерки подигнале трактор тежок 1.300 килограми за да го спасат татко си


Тинејџерките Хана (16) и Хејли (14) Смит од Орегон ги шетале своите кучиња кога ги слушнале повиците за помош на нивниот татко кој бил заглавен под тракторот тежок 1.300 килограми.

Џеф Смит вели дека тракторот се превртел врз него, а воланот му ги притиснал градите на земја. Почнал да вика за помош.

331228_untitled1_fБеше тешко, бидејќи секој пат кога ќе викнев беше како некој да ми го притиска градниот кош. Кога ги слушнале повиците за помош, ќерките дотрчале. Лежеше во нечистотија под тракторот и викаше, раскажува Хана.

Девојчињата веднаш се обиделе да го подигнат тракторот. Успеале да го поместат доволно за да го ослободат горниот дел од телото на Џеф и тој да може да диши. Раката сеуште му била заглавена, па ги повикале соседите кои го ослободиле со помош на лопата.

Џеф Смит  бил одвезен во болница и поминал само со неколку помали повреди.

Вистинско чудо! Имавме слушано за вакви работи: Дека во некои ситуации адреналинот толку ќе проработи во човекот што е во состојба да подигне автомобил, вели Џеф Смит.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1