Со тага во очите и тешка болка во срцето, семејството на Лепа Младеновска од село Стајковци четврти ден по ред се справува со катастрофалната штета која ја предизвикало невремето во нивниот дом.
Жалат за изгубениот имот, велат дека граделе цел живот, за се да им исчезне во само еден час. Лепа и покрај пречките во зборувањето храбро застана пред камерата на телевизија НОВА да ја раскаже трагедијата, за која како што вели и создало грутка на душата.
Семејството на Лепа го затекнавме како го чисти спратот од куќата. Велат дека штотуку добиле електрична енергија. До вчера не можеле ништо да сторат, освен што ја исчистиле водата од домот. Таа се радува што семејството и фамилијата се живи и здрави.
Младеновски останува да се надеваат на најдоброто. Веруваат дека работите повторно ќе се нормализират. Тие се едно од илјадниците семејства коишто ќе се сеќааваат на ова трагедија. Полека мештаните се обидуваат да го вратат животот во нормала. Помош доаѓа од разни страни, но најмногу си помагаат со сопствените сили.