Ни „ферари“ не може да се спаси од добро обучени крадци. Двајца мажи од Полска тоа го докажаа во градот Мастрихт во Холандија. Тие дојдоа со своето BMW, влегоа во автомобилот марка „ферари 348“ и по неколку секунди го стартуваа моторот и заминаа. Дури и најсовремените алармни системи и блокади не ги спречија. Им требаше само минута.