ВИДЕО: Вака беше уапсен најбараниот лихвар во Македонија


Полициски специјалци вчера утрината го уапсија Фадил Арслани, по кого се трагаше два месеци. Гостиварецот е првоосомничен во акцијата „Чекан“ која беше спроведена во декември минатата година насочена за сузбивање на организирана криминална група која ги вршела кривичните дела – “злосторничко здружување“, “изнуда“, “лихварство“ и “перење пари“.policija apsenje

При спроведување на судска наредба за претрес на дом и други простории, пронајдени и со потврда за одземени предмети од лицето одземени се околу 2.115  евра, околу 400 долари, околу 10 швајцарски франци, околу 12.140 денари, 1 пиштол, 7 куршуми, 2 мобилни телефони повеќе СИМ картички и 1 актовка со повеќе документи која е запечатена и истата дополнително ќе се проверува.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1