ВИДЕО: Вака бил соборен рускиот патнички авион


Бомбата во рускиот авион кој падна на полуостровот Синај во Египет и во кој животот го загубија 244 невини лица, била подметната во патничката кабина, а не во просторот за багаж.

Руските медиуми пренесуваат дека патниците најверојатно седеле веднаш до бомбата која најверојатно била поставена во задниот дел од авионот.ruski-avion.jpg500

-Поред прелиминарните резултати од истрагата, бомбата е поставена под патничко седиште покрај прозорот. Активирањето на бомбата предизвикало пукање на трупот на авионот и голема промена на притисокот во кабината кој исто така има сличен ефект на експлозија“, пренесува „Комерсант“.

Симулацијата направена врз основа на новите докази го покажува епицентарот на експлозијата и тоа како авионот се поделил на два дела и се распаднал во воздухот.

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1