Водителка на вториот канал на Хрватската Радио Телевизија во утринската образовна програма „Училишен час“, само што ја најави емисијата, ѝ се слоши и падна, при што удри во сценографијата позади неа.
Порталот Index.hr информира дека водителката е во фаза на бременост, и дека по лекарскиот преглед е утврдено дека нема никакви повреди.