Лондонската болница на кралот Едвард VII каде е хоспитализирана бремената војвотка од Кембриџ Кејт Миделтон, доживеа невиден блам.
Водителите на една австралиска радио станица, се јавиле во живо и со многу лоша имитација, се претставиле како кралицата и принцот Чарлс.
Водителите на станицата 2DayFM од Сиднеј, Мел Грег и Мајкл Кристијан не очекувале дека ,,финтата,, ќе им пројде и се изненадиле кога им рекле дека ќе ги поврзат со собата на Кејт.
,, Бевме уверени дека веднаш ќе ја прекинат врската поради нашиот ужасен акцент“, велат водителите.
Еве како течел разговорот –
Секретарка: Здраво, добро утро, болница кралот Едвард VII повелете.
Мел, (ја имитира кралицата): О, здраво, јас сакам да ве замолам да зборувам со Кејт, мојата внука?
Секретар: О секако, само почекајте малку, г-ѓо.
Мајкл, (имитирајќи го Чарлс): Не ми се верува дека ќе не поврзе?
Мел: Да.
Мајкл – Ако ова успее, тоа ќе биде најлесната телефонска измама што сме ја направиле. Твојот акцент е страшен и лош, знаеш?.
Мел: Па, јас не сум навикната да глумам 80-годишна жена. (телефон се вклучува) Кејт, мила, дали си таму?
Медицинска сестра: Добар ден, госпоѓо, на линија е медицинската сестра на Кејт, како можам да ви помогнам?
М: Сакам да знам како е Кејт, уште ли има мачнина.
С: Токму сега спие и имаше доста бурна ноќ. Спиењето е добро за неа. Ние и дадовме течности бидејќи таа беше прилично дехидриран кога дојде тука. Сега е стабилна.
М: Кога е добро време да дојдеме да ја посетиме, бидејќи јас сум кралица, и некој мора да ме доведе таму? Чарлс, Чарлс, кога ќе можеш да ме носиш мене во болница?
C: Ако тоа е во ред можеби наутро е најдобро? Ви препорачуваме да дојдете во секое време по девет часот наутро, бидејќи докторот доаѓа во утринските часови, во било кое време по девет, мислам.
М: одлично, но таа е добро? Се е добро?
С: Таа е прилично стабилна. Наизменично спие и се буди. Претпоставувам дека е тешко да спие во непознат кревет.
C: Се разбира, не како палата?
М: Тоа не е ни блиску до палатата, нели Чарлс? Кога ќе одиш да го шеташ проклетиот Corgi (кучето)?
C: Мамо, ќе одам сега да ги прошетам кучињата надвор.
М: Наутро одам да ја посетам Кејт. Мила, ти благодарам многу.
С: Нема проблем, воопшто.