Невремето кое беше најавено за вечерва каде се очекува да паднат од 30 до 50 милилитри дожд по метар квадратен во западните и југозападните и јужните краеви на Србија го зафати и Белград, и тоа со обилни врнежи.
Силни дождови почнале да паѓаат во српската престолнина околу 15:20 часот, иако сите прогнози покажувале дека дождот ќе почне во вечерните часови, а што се однесува до Белград, метеоролзите најавија дека во текот на утрешниот ден се очекува претежно облачни и ладно време, повремено со дожд воглавно во претпладневните часови. Но, дождот паѓал во попладневните часови и денеска и ги изненади Белграѓани.
Републичкиот хидрометеоролошки завод предупреди дека во наредните 12 часа од вечерва, во текот на ноќта и утрото претпладне во западните, југозападните и јужните краеви се очекува локално време од 30 до 50 милиметри дожд по квадратем метар.
Видеото може да го проследите на следниот линк: