Видео: Врсничко насилство во Панчево – две девојчиња крвнички тепаат друго девојче


Нов случај на стравично врсничко насилство, кој се појави на социјалните мрежи, ја згрози Србија, а на него се гледаат две девојчиња како удираат трето девојче. Инцидентот се случил во саботата вечерта додека несреќното девојче си одело дома.

Како што раскажала мајката на нападнатата, видела група момчиња и девојчиња како стојат на аголот од улицата. Меѓу нив било и девојче кое ја малтретирало на училиште. Таа и уште едно девојче ја воочиле и почнале да дофрлуваат: „Ало, мала, застани. Застани што се плашиш, дојди ваму да поразговараме, што глумиш?“, пренела мајката она што ѝ го кажала ќерката.

А.П. ги игнорирала и продолжила по патот.

-И тогаш се затрчале. Мојата ќерка не ги очекувала. Ѝ пришле од зад грб. Една ја повлекла за капата и почнала да ја дави со дуксерот. Другата ја свртела, ја фатила за раце и ѝ ги кренала до нејзината пунџа, па ѝ ги стискала рацете и главата истовремено. Другото девојче на колена ја удирало во стомак и гради – рекла мајката за Телеграф.рс

Жртвата се обидувала да се обрани, но била во шок.

-Не знаев што ме снајде мамо. Мислев дека сонувам дека некој филм на мене ми се случува – рекло девојчето/

Нападнатото девојче е 8. одделение и веќе некое време трпело наислство на училиште.

Да потсетиме, неодамна случен случај ја потресе Србија, кога две врснички тепале трето девојче во Барајево, а една од нив била избркана од училиште.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1