Ако навистина сакате да ги разберете жените, тогаш треба да изодите километар во нивните чевли – а, тоа е токму она што го направи овој маж во обид да разбере зошто спротивниот пол постојано се жали за носењето на високи потпетици.
Брендон Коен, видео коресподент од Лос Анџелес за “BroBible”, се обврза да носи високи потпетици преку еден цел работен ден, за да покаже какви “плачки” се всушност жените.
Тој го документираше целото искуство во новоиздаденото видео. Како и да е, неговиот план почна да пропаѓа во моментот кога требаше да ги замени неговите удобни патики со високи потпетици со ремчиња, признавајќи дека бил во тотална агонија уште од моментот кога ги облекол штиклите.
-Боже, веќе чувствувам преголема болка. Неподносливо е, вели тој во видеото објавено на нивниот YouTube канал.