ВИДЕО: Загина синот на сопственикот на „Џамбо“, претходно усмртувајќи мајка и дете


Синот на сопственикот на грчкиот ланец продавница “Џамбо”, 24-годишниот Џорџ Вакакис, направи страшна сообраќајна несреќа, на автопатот Атина-Ламија. Младото момче удри во паркирано возило, а во несреќата загинаа четири лица, меѓу кои мајка со тригодишно детенце.rrrrr

Тој од засега неразјаснети околности загубил контрола, удрил во паркирано Порше, а потоа се случнала и силна експлозија.И сопатникот на Џорџ загинал во несреќата, кога од силината на ударот излетал од возилото.

Според информациите на грчките медиуми, Вакакис го возел „поршето“ на татко му, а во паркираниот автомобил „хонда“, во кој удрил, загинале 33-годишна жена и тригодишно дете.dzambo

Возачот на автомобилот „хонда“ во кој удрил Вакакис го оставил возилото на паркинг и пошол во тоалет, а во автомобилот останале неговата сопруга и детето. Од ударот се слушнала само експлозија, а кога возачот на „хондата“ излегол видел два автомобила како горат. Мажот се стрчал да им помогне на жената и на детето, но тоа било невозможно – рекле очевидци.

Вакакис загубил контрола врз поршето и со голема брзина удрил во паркираното возило. Во сообраќајната несреќа, животот го загубил и сопатникот на Вакакис, кој од ударот излетал. Телото на Вакакис било пронајдено јагленисано.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1