Ракометарите од младинските категории на Партизан од Белград, Јеврем и Игњат Поповиќ ги загубија животите денеска во сообраќајна несреќа на Ибарската магистрала.
Освен браќата Поповиќ во несреќaта настрадала и жената која управувалa со возилото.
Танјуг јавува дека до несреќата дошло кога патничкото возило марка „југо“ со белградски регистарски таблици со кое управувало В.С. (44) од непознати причини поминало на спротивната страна на коловозот и директно се судрило со камион марка „сканија“.
Поради загубата на двата млади животи, ракометниот клуб „Партизан“ прогласи недела на жалост која ќе трае до петок и ги одложи сите закажани натпревари во овој период.
18-годишниот Јеврем беше голман, а 16-годишниот Игњат репрезентативец во младите категории на Србија.