Бесна сопруга во Кина откако дознала дека нејзиниот сопруг ја изневерува жива ја запалила неговата љубовница среде улица.
Гневната жена и пришла на љубовницата, ја полила со бензин и ја запалила. Откако го извршила убиството таа се обидела да се самоубие.
Жената со презиме Ши ја убила љубовницата на сопругот пред една чајџилница, зошто ја “натерала да се разведе“.
Според зборовите на сопствехникот на локалот, Ши која била облечена во црно, ја прашала љубовницата: “Дали си ти таа што се плетка со мојот сопруг?, и потоа не чекајќи одговор ја полила со бензин и ја запалила.
На снимката се гледа жена опкружена со високи пламени јазици како испушта ужасни крици, а потоа паѓа мртва. Нејзиното тело целосно изгорело, така што е невозможна идентификацијата. Ши која по нападот испила инсектицид и со нож си ги пресекла вените, е префрлена во болница.
Се е снимено од камера на автомобил кој поминувал на местото на трагичната несреќа.