Според прогнозата од Секторот за анализа и прогноза на времето, во четврток, времето ќе биде сончево и потопло со умерена облачност, а дневната температура ќе се движи во интервал од 20 до 26 степени Целзиусови.
Под влијание на влажен бран, во петок, особено попладне и во сабота преку ден, времето ќе биде облачно со врнежи од дожд и појава на грмежи. Пообилни врнежи се очекуваат во петок во вечерните часови, особено во западните и јужните делови каде се очекува да наврнат и над 30 л/м2. Во петок дневната температура ќе биде во интервал од 17 до 24 степени Целзиусови, а во сабота ќе биде посвежо односно температурата ќе опадне во просек за 5 до 6 степени и се очекува да биде во интервал од 13 до 20 степени Целзиусови.
Од недела, па се до крајот на месецот следува постабилно и потопло време. Ислкучок ќе има во вторник кога е можна изолирана појава на краткотраен дожд. Максималните температури ќе бидат во пораст и во последните денови од месецов на повеќе места се очекуваат да надминат 30 степени Целзиусови.