Нестабилното време ќе продолжи и овој викенд.
Во поголем дел од земјава ќе има поројни врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер, а на локално ниво ќе има невреме со пообилни врнежи и појава на град.
Во почетокот на следната седмица нестабилно ќе биде во попладневните часови со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Во случај на појава на грмежи, се препорачува поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.