Викендов студено, од понеделник промена на времето


Утре претпладне времето ќе биде умерено облачно со услови за појава на магла по котлините. Попладне и во текот на ноќта значително облачно со повремени врнежи од дожд, на планините од снег, особено во западните делови. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Дневните температури ќе се движат од 4 во Маврово, 6 во Берово, Крива Паланка и Охрид, 7 во Битола до 9 во Скопје и Кавадарци и 13 во Гевгелија.

Прогнозата за недела е сончево со мала до умерена облачност. Во текот на ноќта кон понеделник со врнежи од дожд, на повисоките места и на планините од снег. Ќе дува слаб до умерен претежно западен ветер.Минималните температури ќе се движат од -2 до 5, а максималните од 7 до 14 степени.

Од понеделник ќе имаме повремени врнежи од дожд, на повисоките места ина планините снег, а услови за снег ќе има и на некои пониски места. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.

Дневните температури ќе се движат од 3 до 10 степени.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1