Град Скопје по четврти пат, во соработка со Средното угостителско училиште на Град Скопје „Лазар Танев“, го организира настанот „Појадок на мост” што ќе се одржи на Камениот мост и мостот Око в недела од девет до 11 часот.
Заради подобра организација, на в сабота, од 18 часот до недела до 13 часот, двата моста ќе бидат целосно затворени за граѓаните на Град Скопје.
На настанот в недела граѓаните мора да го понесат со себе и бесплатниот билет којшто можат да го подигнат лично, со документ за идентификација, на пултот поставен пред градската кафеана „Пелистер“, уште денеска
Пунктот на плоштадот Македонија е поставен од 10 до 15 часот, а секој посетител кој има обезбедено билет ќе добие бесплатен ланч пакет и пијалак, обезбедени од нашите донатори. Земајќи го предвид големиот интерес за овој настан, а заради специфичноста на просторот на кој се организира, бројот на посетители годинава е ограничен на 2.500.