Виолинистка од Бугарија била секс робинка во Македонија


Виолинистка од Музичкиот конзерваториум во Софија била присилно секс робинка во Македонија. Таа својата приказна ја раскажала за бугарската телевизија БТВ. Виолинистката тргнала во Македонија, заедно со нејзина колешка од Универзитетот, откако преку фирма посредник и била понудена добро платена работа како виолинистка во луксузен хотелски комплекс во Македонија.

violina,,Ни беше ветен превоз, сместување и солидна плата и затоа ги потпишавме договорите. Јас прашав да не станува збор за нешто нелегално, а тие ме убедуваа дека за тоа не станува збор-раскажува Бојана за БТВ,,

Но наместо во хотел тие биле доведени во стриптиз бар каде повторно ги убедувале дека тие ќе свират и нема да мора да имаат работа со ,,клиентите,,

Но наместо тоа тие набрзо биле натерани да играат на шипка. Но, сепак имале среќа па газдата од Македонија им дозволил да се вратат во Бугарија по истекот на договорот.

За тоа што го минала овде напишала и песна, со наслов „Куќа на болката“.

Бриф

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1