ВИП и ОНЕ се спојуваат – Надлежните молчат, ќе чекаат повеќе детали од договорот


Молк во македонија по бомбастичната вест дека телекомуникациските оператори ВИП и ОНЕ во државава се спојуваат и ќе формираат нов гигант на македонскиот пазар на мобилна телефонија. И од Антимонополската комисија и Агенцијата за електронски комуникации ќе ги чекаат деталите од договорот, па дури потоа  официјално ќе излезат со став.

Се уште никој не сака да коментира што ќе се случи со водечкиот мобилен оператор во земјава, Т-мобиле, иако е повеќе од извесно дека со новиот субјект неговата позиција на пазарот се загрозува, јавува телевизија Алфа.vip+one530x290_221014_165954

Со спојувањето на ВИП И ОНЕ, новата компанија ќе има над 1 милион корисници, што е речиси еднакво на бројот на корисници на Т-мобиле. Засега е јасно само дека Телеком Австрија ќе поседува 55 % од акциите, а Телеком Словенија 45 %. Повеќе детали се очекуваат кон средината на ноември, кога треба да пристигне и дефинитивната потврда од ОНЕ.

Одлука за тоа како во иднина ќе се справат со конкуренцијата, од Дојче Телеком ќе дадат откако ќе ги видат конкретните планови на двата оператора.
Од ВИП и ОНЕ во скопје пак велат дека биле само информирани од нивните групации во странство за ваквиот потег. Во отсуство на повеќе детали за спојувањето, вработените се вознемирени – се прашуваат дали со ова ќе има преклопување на работните позиции, а со тоа и вишок на вработени. vip22
Инаку ВИП денеска ги објави резултатите од работењето во последните 3 месеци, кои главно се негативни. Со пад од 14 илјади корисници и намалени приходи кои достигнаа 17 милиони евра, операторот го заврши третиот квартал годинава. Силната регулација на цените за интерконекција се клучен фактор кој влијаел на падот на приходите. Дополнителен удар врз финансиската состојба на операторот се и пониските цени кон крајните корисници, чие намалување се должи пред се на силната конкуренција и зголемените трошоци за субвенционирање на паметни телефони за корисниците.
Од 645.000 корисници, ВИП заклучно со третиот квартал бележи 631 илјада. Намалување има главно кај припејд корисниците. Нивниот удел на пазарот е 28 %. Пад од 10.3 милиони евра има и кај капиталните инвестции, сума која лани беше вложена во лиценца за 4Г услуги.
Alfa.mk
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1