Вирусот на Ебола сам се менува – апокалиптични тврдења на професорот кој ја откри болеста


Професорот Питер Порт, директoр на училиштето за хигиена и тропски болести во Лондон, во 1976 година работел во лабораторијата во Антверпен, кога добил примерок од крв на белгиска калуѓерка која имала мистериозна болест.ebola345

-За да можеме да утврдиме за што точно се работи, ние моравме да го оддвоиме вирусот од примерокот. За експериментите користевме глувци. Неколку дена тие беа здрави, кога еден ден, еден од глувците умре. Тогаш сфатиме дека вирусот е смртоносен, објаснил професорот.

Примерокот од крвта на калуѓерката од Заир бил тестиран за најразлични болести, сите резултати биле негативни.

-Вирусот секогаш го менува својот генетски состав, а што поголем број на луѓе се заразени, поголеми се и шансите тој да мутира и да се забрза неговото ширење. Тоа е апокалиптично сценарио, тврди Порт.

Калуѓерката во меѓувреме починала, а во нивната лабораторија пристигнале уште примероци од крвта. Во време кога се подготвувале да го проучуваат вирусот со помош на електронски микроскоп, од СЗО им стигнала наредба сите примероци да ги пренесат во Лонодн.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1