Вистината за чипсот: Што се содржи – направен е да создаде зависност


Омилената закуска на луѓето, чипсот, кој никогаш не бил премногу обожаван од лекарите и експертите, по најновите истражувања се споредува со дрога.

cips-1Според истражувањата, една третина од британските деца јадат чипс секој ден, а тоа излегува дека едно лице јаде сто пакувања годишно. Едно пакетче чипс дневно може да има ист ефект како да сте испиле пет литри масло за јадење годишно, пишува Daily Mail. Мајкл Мос, автор на книгата „Сол, шеќер и масти: Како не навикнаа на ова производителите на храна“, тврди дека чипсот е „дизајниран“ за да предизвика зависност.

Механизмот на чипсот е во „вкусот во устата“, како што тоа го нарекуваат произведувачите, а може да се спореди со чувството на благосостојба кое се создава откако ќе пробаме стопен кашкавал.

За да делува чипсот, потребно е доволно маснотии, кои ќе го стимулираат рецепторот кој се наоѓа зад устата и ги праќа сигналите до мозокот. Бидејќи соленото, масното и слаткото се вкусови кои мозокот инстиктивно ги бара, а комбинацијата на вкус од чипсот нас не тера да го јадеме повеќе.

Во последно време дури и се истражуваат различни облици на „крцкавост“ и чипсот се означува како премиум (со помалку маснотии или со природни состојќи), но Мос тврди дека и тој нов вид е еднакво опасен како и секој чипс кој го знаеме.

– Идеално би било да јадеме чипс два пати месечно, во мали порции, а изгледа дека јадењето чипс во бременоста е исто опасно како и пушењето. Не секоја храна е иста и во сè мора да се биде умерен, завршува Мос.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1