Претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер денеска им наложи на официјалните лица да направат нов план за укинување на роаминг услугата на територија на Европската унија, па се соочи со остри критики поради предлогот за ограничување за користење на таа услуга на 90 дена во годината.
Европската комисија по налог на Јункер го повлече налогот и сега изработува нова верзија за користење на роамингот – се наведува на официјалната интернет страница, Стратегија за единствен дигитален паза на Европска комисија, пренесува агенцијата Франс прес.
Бесплатниот роаминг за државите на Европската унија беше најавен во 2015 година, но ованеделното откривање на планот ги разлути потрошувачите поради ограничување за користење на услугата на 90 дена во годината.