Вистинска драма во Србија: Невестата се породи на свадба


Радован Мирковиќ и Бојана Теовиќ од Србија вчера требале да се венчаваат, поканиле сватови, но свадбата се претворила во вистинска драма.

Бремената невеста тргнала да фрла пченица на куќата како што налагаат обичаите и тогаш почнале породилните болки. Збунетите сватови останале под шаторот од 600 места, додека невестата била итно пренесена во болницата, каде што Бојана родила здраво машко бебе. ­nevesta

-Фала му на Бога за денешниот ден. Никогаш во животот не се исплашив толку и никогаш не ми било толку убаво. Поканивме многубројни гости, а гостите останаа затечени, но останаа на свадбата бидејќи чичкото на Бојана ја покани музиката да го прослави раѓањето на внукот – рекол младоженецот.

Тој вели дека денеска ќе продолжи веселбата, се слушнал со сопругата, и таа и синот се одлично. ­ Сѐ на сѐ, подобро не можеше да биде – раскажува Радован.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1