Вистинска драма во Загреб: „Спасете ми го бебето“


Спасете ми го бебето. Остана заклучено внатре во автомобилот. Ако треба скршете го стаклото, ама дојдете најбрзо што можете – со плачење викала една млада загрепчанка чие тримесечно бебе останало заклучено во возилото паркирано пред Домот на здравје во населбата Сигет, пишува „Јутарњи лист“.kola-prozor-foto-printskrin-1450727453-808745

Топлината и спарината дополнително ја вознемириле младата мајка, а акцијата завршила кога пристигнале полицајци кои го скршиле стаклото и го спасиле бебето.

До несреќата дошло кога мајката ги оставила клучевите на седиштето во автомобилот, а вратите сами се затвориле.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1