Вистински хорор: 4 години живеел со црв во мозокот


Неколку сантиметри долг црв е изваден од мозокот на еден Британец кој на лекарот му се пожалил на силни главоболки, објавија во петокот научниците и открија дека животинчето Spirometra erinaceieurope цели четири години живеело во мозокот на 50-годишниот маж и се селело од едната страна на другата.

Пациентот првпат се пожалил на болки во главата, губење на помнењето и на чувството за мирис во 2008 година. Во следните четири години по голем број тестирања за разни болести, вклучително и ХИВ, било откриено дека меѓу мозочното ткиво има остатоци од 10 сантиметарска лента во облик на ларвовиден црв.

tapeworm

Откако бил дадена дијагнозата, пациентот релативно лесно бил излекуван со препарати за убивање на црвот и сега бил целосно излекуван.

Експертите велат дека таквиот паразит првпат е откриен сега во Велика Британија, а од 1953 година се регистрирани 300 такви случаи во целиот свет.

Црвот предизвикува воспаление на ткивото и губење на помнењето и главоболки, доколку се насели во мозокот. Имајќи предвид дека е редок, слабо е проучуван и научниците не го познаваат неговиот животен циклус.

„Не очекувавме дека ќе откриеме инфекција од тој тип во Обединетото Кралство, но со развојот и фреквенцијата на патувањата, таквиот тип непознат паразит се појавува понекогаш“, истакнува докторката Ефросини Граниа-Коцас од болницата „Аденбрук“ во Кембриџ која го извадила црвот од мозокот на пациентот.

Генетичарите од институтот „ Wellcome Trust Sange“ го преземале овој црв и успеале да го секвенцираат неговиот геном, што ќе им помогне да го проучат потенцијалното лекување.

Докторката Хејли Бенет, од споменатиот институт, смета дека луѓето случајно или многу ретко се „домаќини“ на овој тип црв. „Паразитот е во состојба на ларва во текот на целиот период на инфекција и би можел да се храни со масните киселини“, вели Бенет.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1