Вистински принц: Младиот српски принц Александар сака кафеани и една Србинка


Заборавете се што сте мислеле и знаеле за принцовите, бидејќи синот на српскиот претстолонаследник Александар Караѓорѓевиќ, Александар Трети (33) не се вклопува во тој шаблон. Тој нема бел коњ и не сака да се истакнува со тоа што во неговите вени тече сина крв.

– Не живеам живот на принц. Не сакам луѓето да знаат за тоа, бидејќи тогаш би ме осудувале како да сум лик од цртан филм. Јас сум обичен човек, имам добри и лоши денови, сакам да работам и се борам со овој луд свет. Да се биде принц е чудно. Луѓето очекуваат секакви глупости од вас – вели синот на претстолонаследникот Александар Втори Караѓорѓевиќ и неговата поранешна сопруга, принцезата од Бразил Марија  да Глорија.Srpski princ

Александар во Србија дошол минатата година во мај за да им помогне на загрозените во поплавите, а решил да остане таму цел живот.
– Бев на саемот во Црвениот крст. Планирав да останам две недели, но толку многу ги засакав луѓето и земјата и одлучив да останам. Мојата девојка е Србинка. И среќен сум што ја имама покрај мене. Поради неа сум подобар човек и подобар Србин  – тврди принцот.

Александар 25 години се школувал во Сан Франциско, но светскоот образование не влијаело на неговата љубов кон Србија и се што е автентично за оваа земја.580096_aleksandar-karadjordjevic-foto-petar-markovic_f

– Во Белград од сите места најмногу ги сакам кафеаните. Јас сум кафеански човек. Пушам цигари „Дрина“ бидејќи се евтини и имаат добар вкус. Понекогаш уживам во народната музика, а понекогаш одам и на ромска музика. Но „Азра“ и „ЕКВ“ ги обожувам – изјавил српскиот принц за српски „Блиц“.

Тој толку многу го сака ноќниот живот и во Белград отворил кафе-бар.

– Тоа штои сум принц не ми донесува плата. Мора да плаќам кирија и сметки. Бидејќи долго време живеев во Калифорнија и сум запознаен со мексиканската култура решивда отоврам текила бар – вели Александар кој има голема поддршка од семејството за својот бизнис.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1