Песто е традиционален италијански сос кој потекнува од Џенова. Иако денес постојат бројни варијанти на овој вкусен сос, сепак, најпопуларен е оригиналниот песто сос со босилек — Pesto alla Genovese.
Сосот се подготвува брзо, едноставно и не бара многу време.
3 чешниња лук, 100 гр индиски ореви или пак бадем, лешник, ореви било што од овие јаткасти плодови, 150 гр свеж босилек, 200 мл маслиново масло, сол и бел бибер, 50 гр пармезан
Начин на подготовка:
Исечете го лукот на мали парченца – Босилекот исечкајте го покрупно.
Во сад ставете го лукот, оревите и босилекот, а маслиновото масло додадете го на крајот. Смесата се меша со миксер, се додека не се добие кремаста маса која не смее да биде многу ситна.
На крај, изрендајте го пармезанот ( а може и со пармезан во кесички кои го има во секој маркет) и додадете сол и бибер по желба.
Совет: Пестото ќе ја задржи својата зелена боја подолго време ако додадете лажица витамин Ц во прав. Се препорачува сосот да се чува во стаклен сад.
Песто сосот најдобро оди во комбинација со шпагети, но пробајте го и со зеленчук на скара, печен компир или како намаз во сендвичи.
Доживејте го вкусот на Италија во вашата кујна!
Повеќе рецепти на – НајадиСе.мк