Владиниот портпаролм,Муамед Хоџа на прес конференција во Владата рече дека ја поддржуват равботата на СЈО , како и на сите други институции во борба против криминалот.
Отворениот случај „Рекет“ во кој сега е осомничена специјалната јавна обвинителка Катица Јанева потврдува дека пред правдата и законите секој е еднаков и одговорен, изјави денеска портпаролот на Владата, Муамет Хоџа.
– Резултатите од истрагата мора да бидат базирани исклучително на докази и согласно правото. Одговонрост мора да има за сите инволвирани. Институциите на извршната власт им стојат на распоалагање со цел свој капацитет на истражните и правосудни органи. Ослобдувањето на целиот правосуден систем дава резултати и очигледно е дека независноста се прифати како алатка која ги охрабри институциите и луѓето да дадат резултати кои се очекуваат од правната држава и владеење на правото, изјави Хоџа. Тој нагласи дека Владата нема да дозволи случајот негативно да биде искористен за попречување на евроатлантските интеграции на земјата. – Независно од натамошниот развој на случајот во кој сега е осомничена Катица Јанева, Владата на Северна Македонија очекува од сите истражни и правосудни органи, вклучително и од СЈО, натамошна безкомпромисна борба против највисоките облици на организиран криминал и корупција, истакна Хоџа. Посочи дека ова е уште еден мотив заедно со опозицијата да се заокружи реформата на правосудниот систем и да се обезбеди владеење на правото. Прашан дали постои загриженост кај Владата за искористување на случајот против евроатлантските процеси на земјата, Хоџа рече дека ставот на Владата е дека овој случај не треба да биде пречка на нашите аспирации за членство во ЕУ и НАТО. – Продолжуваме со спроведување на реформите се со цел да бидеме членка на НАТО и да ги започнеме преговорите со ЕУ, истакна Хоџа.
Хоџа на прес конференција рече дека Владата ќе продолжи да се залага за борба пшротив секаков вид криминал и корупција , а правдата мора да биде еднаква за сите.