Влада: Бремените жени ослободени од работа со физичко присуство, до крајот на пандемијата


Бремените жени се ослободуваат од работа и работни обврски со физичко присуство на работното место, до завршување на Пандемијата со КОВИД-19, прогласена од Светската здравствена организација, објави Владата.

Содржината на мерките е регулирана со членот 13, точка 11 и членот 16 од Одлуката за превентивни препораки, времени мерки, наредени мерки, наменски протоколи, планови и алгоритми за постапување за заштита на здравјето на населението од заразната болест КОВИД-19, предизвикана од вирусот SARS-CoV-2, случаите и временскиот период на нивна примена, објавена во Службен весник на 04.11.2020 година.

Владината одлука е донесена на седница на Владата на Република Македонија, одржана на 03.11.2020 година, по препорака на Комисијата за заразни болести.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1