Владата ја прифати оставката на Ден Дончев


По оставката на Ден Дончев, празно останува директорското столче во фондот за здравствено осигурување. Од владината прес служба велат дека на синоќешната седница, била прифатена оставката на Дончев ама немало дебата кој да го замени на функцијата. Според информациите, за тоа ниту се разговарало ниту пак бил понуден предлог кој во иднина да раководи со фондот за здравствено осигурување.

Дончев вчера ја поднесе оставката во која напишал дека тоа го прави од здравствени и семејни причини. Тоа планирал да го направи веднаш по изборите кои беа закажни за 12 април, а поминала и кризата со коронавирусот па сметал дека сега е соодветно време да ја напушти директорската позиција во фондот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1