Заев кажа дека има доволно аргументи за Димова да биде разрешена од етички причини.
-Јас тој предлог ќе го прифатам, ќе дадеме сугестии доколку владата се согласи до управниот одбор да постапи заради етичкиот дел, другиот дел е нешто кое го работат други институции, ние не сме надлежни, а тоа е за евентуална кривична одговорнот за незаконско работење, но не би навлегол во тој дел. Овде имаме доволен етички дел каде што треба да се понесе одговорнота и се согласувам дека владата треба да реагира за ваквите прашања не случајно вие новинарите и сите сте будни, не повеќе за тоа дали треало да се финансира едукација на фризери или поддршка на школи, не. Односот према вас новинарите не е доволно отчетен, не е рамноправен, вели премиерот Зоран Заев.