Владата на вечерашната седница ја почна постапката за отуѓување на „мерцедесот“ од 600.000 евра на поранешниот премиер Никола Груевски.
Од Владата информираат дека е започната постапката за отуѓување на „мерцедесот“ на Никола Груевски, познат од бомбите, кој вредеше 600.000 евра. Тоа значи дека автомобилот премина во сопственост од МВР на Службата за заеднички и општи работи при Владата, по што ќе следува постапка за негово отуѓување и негова замена за болничка опрема.