Владата на Kосово порачува ситуацијата со протестите да се реши со дијалог


За протестите во Скопје и во уште неколку града низ земјата по повод пресудата за случајот „Монструм“ реагира и косовската влада, која соопшти дека со внимание ги следи последните случувања во Македонија.

protesttt-650x396– Владата на Република Kосово повторно нагласува дека политичкиот дијалог меѓу заедниците и примената на Охридскиот рамковен договор се единствениот пат за решавање на отворените прашања меѓу заедниците во Македонија – стои во соопштението.

Се додава и дека Kосово е решено да го поддржи евро-атлантскиот пат на сите држави на Балканот и оти во конкретниот случај, ситуацијата може да се реши преку дијалог.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1