Владата на 130 седница донесе одлуки 5 мај да се прогласи за Ден на македонскиот јазик, потоа ја усвои информацијата за прогласување епидемија на мали сипаници, одлучи земјата да биде домаќин на американски војници на најголемата воена вежба, а нуди и помош на Франција за Нотр Дам.
Владата го задолжила Министерството за надворешни работи да се координира со француските власти за помош за реставрација на опожарената црква Нотр Дам.