Владата допрва ќе прави план колку пари ќе потроши за кампања и од каде ќе ги најде. Од Илинденска број 2 воздржани за тоа на кои минстерства ќе им се скрати буџетот, велат дека деновиве ќе се прават проекции, и дека нема да се земаат пари кои се за суштински проекти, иако велат дека и самиот референдм е важно да успее. Тврадт дека кампањата ќе се фокусира на договорот со Грција а ќе биде информативна и промотивна.
„Сега очекуваме, според заклучокот на Влада, сега министерства и други органи на државната управа во рок од три дена да се поднесат информации за тоа колку има средства на располагање. Истовремено ќе се планира како со тие средства ќе се одвива целата кампања и истовремено јавно ќе информирани. Сите средства ќе бидат објавени“, вели Мухамед Хоџа