Владата се премисли – наместо Минкова нов директор на Фондот за здравство е Христова


Владата се премисли и во рок од еден ден ја повлече одлуката за нов директор на Фондот за здравство. Соња Минкова, која предизвика негативни реакции на социјалните мрежи нема да ја има можноста да ја води оваа институција.

fzom

Владата денеска на седница донела одлука за в.д директор на Фондот за здравствено осигурување на Македонија да биде именувана Кристина Христова. Таа на оваа позиција доаѓа од позицијата директор на Секторот за фармација во Фондот.

Одлуката за именување на Христова доаѓа откога се констатирало дека Сања Минкова, која на претходната владина седница беше именувана за вршител на должноста на оваа позиција, не исполнува еден од посебните услови за директор, и тоа во поглед на периодот на поседувањето на специфично работно искуство од шест години.

Владиниот портпарол информира и дека истовремено Владата одлучила да биде распишан јавен повик за пријавување на интерес за ангажирање на позицијата директор на ФЗО, кој ќе биде објавен во сабота на 28 февруари и ќе трае до 15 март годинава.

Предвидено е Христова да ја извршува позицијата в.д директор на Фондот во периодот до изборот на директор од кандидатите кои ќе се пријават на јавниот повик.

Кристина Христова е вработена во ФЗОМ од 2007 година, а на позицијата директор на сектор стапува во 2010 година.

Претходно, Владата го именуваше и Орхан Рамадани за в.д директор на Фондот за здравствено осигурување. Двајцата в.д директори имаат еднакви овластувања, права и одговорности во извршувањето на функциите.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1