Владата се премисли: Нов оглас со подолг рок за 69 директори и 25 заменици


Владата го поништи огласот за директори и заменици објавен во средата, објавувајќи нов оглас со подолг рок за пополнување на 69 директорски и 25 заменички места.

Новиот оглас има рок за пријавување од 15 дена, додека рокот за пријавување на претходниот оглас изнесуваше три дена.

„Рокот за пријавување на кандидатите изнесува 15 дена од објавувањето на огласот во дневните весници, а рокот за пријавување на кандидати за директор на Јавниот фонд за здравство изнесува 30 дена“ пишува во новиот оглас на Владата.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1