Владата се уште се координира со пратениците во подготовката на нацрт амандманите за промена на уставот со цел промена на уставното име. Владиниот портпарол денеска не сакаше да прецизира, кога нацрт амандамните би можеле да се најдат во Собраниска процедура, иако партиски извори од власта очекуваат, процедурата да почне уште за време на викендот или најдоцна до понеделник.
Генералниот секретар на СДСМ очекува уставните измени да добијат поддршка од повеќе пратеници од опозицијата
Власта се надева дека целата процедура ќе ја заврши до крајот на годината, но експертите се попретпазливи
Од раководството на ВМРО-ДПМНЕ за Сител велат дека немаат намера да го кочат процесот со поднесување на амандамни но дека одлуката се уште не е донесена. И партискиот портпарол денеска најави дека конечниот став ќе се гради на координација со пратениците
Но освен можноста ВМРО-ДПМНЕ да поднесе поголем број амандамни, постапката за промена на Уставот може да ја закочат и амандамни на помалите албански политички партии со етнички елементи, нешто што отворено го најавуваат БЕСА и Алијансата.
Во ДУИ велат дека сега не е време за отворање на етнички прашања
А токму таков крај очекува и политичкиот аналитичар Алберт Муслиу. И тој како и Кирацовски очекува до крајот, процесот да добие повеќе поддржувачи.
Во меѓувреме се чека и одлуката на осумината пратеници од опозицијата кој дадоа поддршка на уставните измени. Тие треба да решат дали ќе делуваат независно, или пак како што се најавуваше ќе формираат нова пратеничка група во Собранието