Владата вечерва одлучува дали Охридскиот рамковен договор ќе биде споменат во преамбулата на Уставот


На прашањето дали во преамбулата на Уставот ќе биде споменат и Охридскиот рамковен договор како што побара вицепремеиррот Бујар Османи, премиерот Заев рече дека се уште не е донесена одлука за тоа.

-Немаме донесено одлуки за оваа работа. До вечерва касно ќе работиме. Утре Владата ќе одлучува за овие прашања, така што кога ќе имаме конечно нешто околу тоа ќе го соопштиме, прецизира Заев.

Најави дека остануваат отворени, да направат се што е возможно и е во духот на договорот, за, како што рече да го направат инклузивен процесот и да предизвика што еможно преголем обем на консензус во македонскиот Парламент.
-Се со конечна цел заедно да застанеме онака како што и личи при утврдувањето на протоколот и процедурите на заокружување на имплементација на договорот од Преспа или договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција. Јас верувам дека постојат исто така многу пратеници коишто веруваат дека ова е единствениот начин Македонија да ја обезбеди својата иднина, а тоа е интеграцијата во НАТО и почеток на преговори со ЕУ. Верувам дека имаме фер и праведен договор од којшто и двете страни добиваат и Македонија и Грција и верувам дека времето многу брзо ќе го потврди дека сме на вистинската страна, рече Заев.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1