Владини грантови од 3000 евра за самовработување, огласот трае до 20 мај


До 20 мај оваа година сите невработени лица кои се евидентирани во Агенцијата за вработување имаат право и можност да аплицираат и конкурираат за добивање на 3000 евра неповратна финансиска помош.

Со добиените средства од страна на државата невработените лица ќе можат да отворат бизнис по сопствена желба и според сопствената мотивација и да се вработат себеси а доколку нивниот бизнис план тоа го предвидува да вработат и дополнителни лица во креираниот бизнис.aleksandar

-Тие средства да ги искористат за креирање на бизнис, за самовработување. Средствата немаат обврска да ги враќаат, туку единствено да ги искористат во функција на акумулација за развој на тоа што тие го имаат замислено како деловен потфат. Нашата цел е да обезбедиме што поголем одзив, да обезбедиме што поголем број на поквалитетни проекти за што предвидуваме и специјални надоместоци во висина до 257.000 денари финанисирање по единица проект или дополнителни 90.000 за предвидување на поголем број вработувања, вели владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев.

Процедурата за апликација е едноставна и се состои во поднесување на барање за учество во проектот од страна на евидентираното невработено лице до Агенцијата за вработување.

По ова апликантот поминува еднодневна обука за пополнување на прашалник во кој се наведни нацртите на бизнисот кој што апликантот има намера да го воспостави, за потоа да се пристапи кон пополнување на прашалникот и доставување на истиот до Агенцијата.

Агенцијата потоа пристапува кон разгледување и бодирање на прашалниците по што се изготвува првична ранг листа на најдобро бодирани прашалници, притоа водејќи сметка за територијалниот аспект односно покриеноста на целата територија на државата.

Апликантите кои доставиле одговорени прашалници кои се најдобро рангирани потоа ќе поминат 5 дневна обука и заедно со експерти до агенцијата за подршка на претприемништвото кои самите ќе ги изберат ќе работат на изготвување на бизнис план во кој ќе бидат наведени детали за бизнисот кој имаат намера да го воспостават, бројот на лица кои планираат да се вработат во бизнсиот, потреби од материјал, опрема и останати бизнис аспекти.

Најдобро рангираните бизнис планови ќе ја добијат владината поддршка која се движи во интервал од 3 до 5 илјади евра.

Финансиската поддршка за која ќе може да аплицираат евидентираните невработени лица опфаќа обезбедување на експертска поддршка во форма на обука за претприемништвото и водење бизнис во висина од 16 600 денари и финансиска и советодавна поддршка за набавка на опрема и/или репроматеријали во висина од 185 000 денари, или вкупно 201 600 денари.

Инаку ова е втор оглас годинава на кој апликантите конкурираат за овие финансиски средства. Првиот оглас беше распишан во јанураи оваа година а финалните резултати по однос на првиот оглас ќе бидат објавени на 15 мај 2016 година. Лицата кои во првиот оглас не биле избрани за владина поддршка на креирањето на бизниси имаат право да конкурираат на вториот оглас кој е во тек.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1