Пратеникот на ВМРО – ДПМНЕ, Крсто Мукоски останува во притвор во Шутка. Апелациониот суд го одби неговото барање мерката да му се ублажи со куќен притвор. Пред апелационите судии Мукоски се пожали дека освен физичкото, сериозно му е нарушено и психичкото здравје.
„Овозможете ми да одам дома. Имам сопруга и четири деца. Треба да одам дома за да закрепнам здравствено“, рече Крсто Мукоски
Апелација доплнително одлучи дека од Шутка илегува актерот Владо Јовановски. Оди во куќен притвор и останува без пасош. За екс-министерот за земјоделство Љупчо Димовски останува мерката домашен притвор, а во истражниот затвор останува и Мунир Пепиќ од Агенцијата за разузнавање.
Пратеникот на ВМРО – ДПМНЕ, Љубен Арнаудов, како и организаторите на протестите „За заедничка Македонија“, Борис Дамовски и Богдан Илиевски познат како „Бетмен велит“ синоќа пред полноќ беа пуштени од затворот во Шутка. Апелацискиот суд им ги прифати жалбите и одреди поблаги мерки – куќен притвор и им ги одзеде пасошите. Пратеникот Сашо Василевски и поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков, остануваат во Шутка, исто како и началникот во МВР, Душко Лазаров, шефот на обезбедување на поранешниот спикер Трајко Вељаноски, Горан Ѓошевски и Митко Пешов, началник на посебните специјални единици. Сите нив, Обвинителството за организиран криминал ги гони за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста.