Влатко Стефановски: Не е проблем брадата на Кончита, туку тоа што песната е плагијат!


Влатко Стефановски, кој во Белград деновиве го промовираше новиот албум „Сеир“, за српските медиуми ја прокоментирал и песната на Кончита Вурст, победник на годинашниот Евросонг.

vlatko-stefanovski„Не ми пречи целата таа шминка и провокација. Јaс сум толерантен човек. Ако сакаат луѓето можат да дубат на глава, да се соблечат голи, јас немам ништо против тоа. Проблем е што на Евросонг нема добри песни. Од година во година се се полоши. A, песната на таа Кончитa или на тој Кончита, „Rise Like a Phoenix” е плагијат на песна на Адел од филмот за Џејмс Бонд. Апсолутен плагијат! Не ме интересира неговата брада. Испеј ми добра песна, па ако сакаш стои и на трепавици, но дај ми некоја порака. Ниедна песна од Евросонг не ми го допред срцето“, изјавил Стефановски.
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1